ВИДЕО: Кина го изгради најголемиот аеродром на светот - морската ѕвезда се простира на површина од 100 фудбалски терени

Денеска почнуваат првите пробни летови на новиот меѓународен аеродром во Пекинг.

Аеродромот 2морска ѕвезда“ кој се наоѓа на 46 километри јужно од центарот на Пекинг ќе биде најголемиот аеродром на светот. Се наоѓа на границата помеѓу округот Дакинг и Лангфанг, градот на провинцијата Хебеи и се простира на 700.000 квадратни метри што е од прилика големина на 100 фудбалски терени.

Ентериерот ќе има градина, украсни пејсажи, но и одвоени патнички површини за домашните и меѓународните патници.

Ќе има четири писти и 620.000 летови годишно. На годишно ниво ќе може да се послужат 100 милиони патници и 4 милиони товар годишно. Пробните летови нема да бидат класични комерцијални.

Авионите на кинеските компании ќе слетуваат на аеродромот, а поробните летови ќе траат околу еден час. Четири писти од овој аеродром минатата недела поминале инсепкција контрола, а сите градежни и техничко-инфраструктурни работи одат по планот.

Се очекува сите работа да завршат до 30 јуни, а отворањето е планирано за 30. септември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега