ВИДЕО: Киднапирање во познат ресторан во Лос Анџелес - жена го грабнува детето, па се вмешува случаен минувач

Обид за киднапирање на дете кое се случило во ресторан за брза храна ја потресе јавноста, но и полицијата која упати апел до сите оние кои ја препознаваат жената од фотографијата да им се јават.

Сигурносните камери во еден од рестораните на Мекдоналдс во јужниот дел на Лос Анџелес, забележале обид за киднапирање на 4-годишно момче од страна на постаро женско лице.

Таа го земала детето од делот за јадење, но момчето успеало да се спаси со брза реакција на случаен минувач кој се видел, после што ја спречил жената да го внесе детето во автомобилот.

Како што соопштуваат од полицијата, ова ѝ е втор обид за киднапирање, затоа што пред една недела лице со нејзиниот опис се обидело да киднапира дете кое шетало со семејството. 

Видеото погледнете го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега