ВИДЕО: Камионџија добил 6 месеци затвор поради луд потег - како вакво нешто му паднало на памет

Еден британски возач на камион поради опасно и недозволено свртување добил 6 месеци затвор.

Имено, тој од спротивна насока се обидел да се вклучи на прометен автомат М6 кај Стафордшир.

Во тој момент, автомобилите возеле околу 100 километри на час, а камионџијата мислел дека ќе биде добра одлука тука да сврти.

Не само што е казнет со затвор, туку и му е забрането да седне зад волан наредните 15 месеци.

„Замислете ова да го видите наутро додека патувате на работа“, рекол портпаролот на полицијата.

За среќа, во инцидентот никој не бил повреден.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега