ВИДЕО: Камерите снимиja стравична несреќа кај Краљево - возач почина на лице место

На местото Грдица кај Краљево во саботата во 07:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која настрадал возач на „хјундаи“, додека четири лица се повредени.

Како што пишуваат српските медиуми, настрадал 53-годишниот И.М. од Краљево, а неговата сопруга Гордана (46), ќерката Ивана (21) и уште еден брачен пар во неговиот автомобил се тешко повредени и веднаш однесени во Општата болница во Краљево.

Камерите од блиските објекти ја снимиле тешката несреќа.

Несреќата се случила во Краљево, од правец на Чачак, кога возач на „хјундаи“ движејќи се од Краљево кон Прељини, наводно се обидел да престигне трактор со приколка, при што преминал на левата коловозна лента и директно се судрил со камион со новопазарски регистерски таблички кој наишол од спротивен правец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега