ВИДЕО: Камерата снимила се - туристите биле на кратерот кога вулканот во Нов Зеланд еруптирал

Најмалку 5 лица загинале, а повеќе се повредени и исчезнати во ерупцијата на вулканот на Белиот остров во Нов Зеланд, популарно туристички место на кое за време на ерупцијата имало околу 50 луѓе.

Од островот биле спасени 23 лица. Пет починале од здобиените повреди, а 18 се во болница. Се уште за исчезнати се сметаат повеќе од 20 лица.

Кога вулканот еруптирал, луѓето кои биле во неговата близина веројатно ги искусиле облаците со врела пареа, отровни гасови и рушење на опасните карпи, пишува Си-Ен-Ен.

„Можеле да почувствуваат мирис на хемикалии“.

Според вулканологот Џесика Џонсон од Универзитетот во Англија, навалата на отровни гасови била толку силна што посетителите можеле да почувствуваат мирис на хемикалии.

„Од вулканот, во чиј кратер има кисело езеро, веројатно излегувала врела пареа, а поради ерупцијата се срушиле карпи“, додала Џонсон.

Џонсон смета дека повеќе повреди кај луѓето настанале поради силата на експлозијата, а помал дел од изгорениците настанале поради врелата пареа.

Дерек Викман, геолог од Универзитетот во Сиднеј, верува дека вулканот при еруптирањето исфрлил материјал кој бил на околу 1.000 степени Целзиусови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега