ВИДЕО: Камера лоцирала корона забава - 200 луѓе собрани во двор, интервенирала полицијата во Манчестер

Полицијата во Манчестер преку термо камери лоцираше 200 лица кои присуствувале на забава, а снимката е објавена на официјалната веб страница на полицијата.

Во саботата, на 15. август, полицијата во 22:10 била повикана да интервенира во еден двор во 

Гортон, затоа што било пријавено дека на таа локација има забава, соопштено е од полицијата.

По доаѓањето на местото на настанот, полицијата искористила термачна камера вградена на дрон. На снимката може да се види колку луѓе присуствуваат на забавата и дека никој не се придржува на социјално дистанцирање.

Видливо е и дека имало такви кои ја прекокнувале оградата за да се придружат на забавата.

„Инцидентот е неприфатлив и неразбирлив. Мило ми е ѓто судот го уважи нашаето барање да се продолжи затворањето на овој објект за 48 часа за да можеме да бидеме сигурни дека нема илегални собирања“, рекол инспекторот Џим Адамс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега