(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Домаќинствата да ја намалат потрошувачката на електрична енергија

„Важно е сите, од јавните установи и институции, преку приватните компании, па се до домаќинствата да ја намалат потрошувачката на електрична енергија“. Оваа порака ја испрати пратеничката од редовите на СДСМ,  Снежана Калеска -Ванчева на денешната прес-конференија.

„Со цел што полција.есно да се помине најтешката зима на енергетски план, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима. Овој план е со цел потрошувачката на електрична енергија да се намали за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, првенствено за да се намалата трошоците за струја, а потоа и електричната енергија да биде достапна секому и секогаш.

Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи.
И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја.
АД ЕСМ во првите седум месеци од 2022 година произведе за 15 проценти повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани.
Зголеменото производство се должи на зголемувањето на производството од термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј од 40 отсто, додека целиот план за производство за 2022 година е направен со 20 отсто“, изјави пратеничката од редовите на СДСМ.

17.08.2022 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега