ВИДЕО: Како силниот земјотерес се ширел од Хрватска - се започнало од Петриња, а потоа се почувствувал во дел од Европа

Вчера во 12:19 часот по локално време, сеизмолозите регистрираа разорен земјотрес со епицентар во близина на хрватскиот град Петриња. Магнитудата на потресот изнесуваше 6,2 степени по Рихтеровата скала и речиси целосно го разурна градот во близина на Загреб.

Недолго после првичниот и најсилен удар кај Петриња, бранот на земјотресот се прошири во целиот регион – се тресеше речиси цела Хрватска, но и Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Австрија и Унгарија.

Од италијанскиот Национален институт за геофизика и сеизмологија го реконструираа ширењето на земјотресот, а на видеото може да се види како тлото се тресело и длабоко на Апенинскиот полуостров.

Да потсетиме, во разорниот земјотрес во Хрватска настрадаа седум лица, а меѓу настраданите беше и 12-годишно девојче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега