ВИДЕО: Како изгледа Никшиќ после поплавите - настанала голема материјална штета, 30 куќи загрозени

Во Никшиќ поради поплавите предизвикани од обилните врнежи загрозени се 30 куќи, рекол денеска директорот на Директоратот за вонредни ситуации Мирсад Мулиќ и додал дека и понатаму ја следи ситуацијата на терен во целата земја.

Тој на конференција за новинари кажал дека сите реки во овој момент се стабилни.

„Ќе видиме што ќе донесе наредниот ден. Метеоролозите најавуваат помалку врнежи и утре, што е многу важно, затоа што водата најверојатно во еден процент ќе се повлече“, рекол Мулиќ.

Владата на вчерашната седница одредила дека системот за спасување функционирал во полн капацитет, синхронизирано и во склад со процедурите.

Црна Гора оваа недела во два наврати ја погодило силно невреме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега