ВИДЕО: Како изгледа местото каде што живеат претседателот и првата дама на Македонија

 

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, со својата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска и нивниот син Огнен живеат на Вила Водно.  Истото ова место претходно, за време на своите два мандати, живееше и претседателот Ѓорѓи Иванов со своето семејство.

Кабинетот на претседателот и Вилата Водно се отворени за сите граѓани. Секој што има желба, има можност да ги види одблизу кабинетот, работните простории на Вилата, на сите вработени во Кабинетот на претседателот, салата каде што се организираат настани, прес-конференции и слично.

Влезот во Вила Водно ќе биде слободен за сите најмалку 2 дена во месецот и ваквиот отворен кабинет ќе биде редовна пракса.

За посета на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и на Вила Водно секој граѓанин може да се пријави пополнувајќи го формуларот на сајтот pretsedatel.mk.

Погледнете како ова место изгледа одблиску.

Извор: Скопје 24.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега