(ВИДЕО) Каевски: Следната година повисоки плати и пензии

„Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра. Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија“. Овие пораки ги испрати портпаролот и пратник од СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на
економски пресврт и нова надеж, додава тој.

„Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики.

Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија.

800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од 2.3 отсто“, изјави Каевски.

27.11.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега