ВИДЕО: Избеганата кинеска докторка има нова „бомба“ - ќе откри податоци за коронавирусот кои на Пекинг нема да му се допаднат

Докторката од Кина која наводно од страв за својата безбедност се криела, повторно излегла во јавност за да потврди дека има научни докази дека Ковид-19 е произведен во лабораторија во Кина.

Д-р Ли Менг Јан, научник кажала во интервју за британската емисија „Loose Vomen“ дека минатата година извршила некои од најраните истражувања на Ковид-19 вирусот.

На прашањето од каде потекнува смртоносниот вирус кој усмрти повеќе од 900.000 лица ширум светот, одговорила: „Доаѓа од лабораторија во Вухан и лабораторија која ја контролира кинеската влада“.

Инсистирала дека широко распространетите извештаи дека вирусот потекнува од пазар во Вухан е „димна завеса“.

„Прва работа е пазарот во Вухан...тој е димна завеса и овој вирус не е од природата“, тврдела Јан, објаснувајќи дека оваа информација ја добила од ЦДЦ-Кина од локалните лекари.

Таа во април наводно избегала од Хонг Конг и избегала во Америка за да ја подигне свеста за пандемијата.

Рекла дека сега излегува во јавност, бидејќи ако не го каже во јавност тоа што го знае ќе зажали.

Јан исто така тврди дека пред бегството од Кина нејзините информации биле избришани од владините база податоци.

„Ги избришале моите податоци“, рекла таа, тврдејќи дека луѓето се регрутирани да шират гласини за неа дека е лажга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега