ВИДЕО: Италијанците губат нерви поради коронавирусот - двајца купувачи се степале во продавница

На социјалните мрежи се појави снимка за која се тврди дека прикажува тепачка во супермаркет во внатрешноста на “црвената зона” во Италија, каде 50.000 лица се сместени во карантин.

На видеото се гледа како двајца купувачи жестоко се тепаат во близина на касите во супермаркет на Лидл, додека еден од вработените се обидува да ја спречи кавгата. 

Корисникот на социјални мрежи кој ја споделил ваквата снимка вели дека истата е направена во градот Касалпустерленго, еден од 10-те градови во регионот Ломбардија кои се во карантин поради коронавирусот.

Во неколку продавници кои останале отворени, храна повеќе нема, а италијанската полиција вовела двонеделен карантин за да спречи понатамошна епидемија која сега започнува да се шири низ Европа.

Откако беше прогласен карантин за време на викендот, сè што останало отворено се супермаркетите и аптеките. Во првите неколку дена откако регионалната влада воведе карантин, на полиците на маркетите повеќе нема тестенини, конзервирана храна и шишиња вода.

Иако редовно се испраќаат залихи, тоа не ги спречува заробените лица панично да купуваат храна и вода. Жителите кои ќе се обидат да го напуштат карантинот, ризикуваат да бидат уапсени или да добијат тримесечна затворска казна.

Полицијата постави блокади на патиштата во близина на градовите и спречи одвивање на сообраќајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега