ВИДЕО: Италијанци ги отстрануваат знамињата на ЕУ и поставуваат знамиња на Кина и Русија

Се почесто на социјалните мрежи се поставуваат фотографии и снимки од државјани на Италија кои својата благодарност за помошта во справувањето со коронавирусот ја изразуваат на Народна Република Кина или на Руската Федерација, незадоволни од реакцијата на Европската Унија и Западна Европа, од каде не пристигна помош.

Таков е и примерот кој на социјалните мрежи го објави Федерико Кане, италијанец кој знамето на ЕУ го замени со знамето на Руската Федерација порачувајќи „Грацие Путин, грацие Росија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега