ВИДЕО: Испливаа нови детали - принцот Ендру учествувал во оргиите на островот на милијардерот педофил

Новиот документарец ќе ги преиспитува тврдењата дека принцот Ендру се придружувал на оргиите кои ги имале педофилот Џефри Епстајн и девет млади жени, додека една Британка тврди дека Епстајн сакал да „собира познати луѓе“, а дека принцот Ендру му бил најголемиот трофеј.

Вирџинија Робертс раскажала за оргиите, а нејзините наводи се забележани во судските документи од 2015 година, кои принцот одлучно ги негирал.

Меѓутоа, новиот документарец на Канал 4 сега ги преиспитува судските документи и трага по болничките извештаи на Робертс од времето кога тврдела дека била злоставувана.

Прилогот содржи изјава од јануари 2015 година како дел од клеветите кои ги покренала поранешна девојка на Епстајн Гизлејн Максвел, во кои таа вели дека „трет пат имала секс со принцот за време на оргиите во приватениот островна педофилот“. Робертс истакнала дека тогаш имала 18 години и дека околу 8 млади девојки учествувале во оргиите.

Таа рекла дека Епстајн се пошегувал дека девојките не можат добро да комуницираат поради јазичните бариери и дека тие се оние „најлесните“ девојки со кои може да се согласува. Програмот на Канал 4 оттогаш добил медицинска документација од 9. јули 2001 година откако Робертс претрпела 3 недели вагинално крварење.

Нејзините докази биле отфрлени во мај 2015 година.

„Принцот Ендру беше најголемиот трофеј на Епстајн и оружје кое го користеше за да ја импресионира елитата“, тврди Британката Викторија Харви.

Таа додала дека Епстајн, кој се самоубил во затвор, бил зависен од „собирање луѓе“, како што се членови од кралското семејство.

„Сакаше да ги импресионира луѓето. А, кога запозна член од кралското семејство, знаеше дека тој е неговиот најголем трофеј“, рекла таа.

Ендру рекол дека го запознал Епстајн во 1999 година, во времето кога имал кратка романса со Викторија. Признал дека долго го познавал педофилот, но отфрлал дека имал било какво неприкладно однесување со малолетнички.

Епстајн се самоуби во затвор во агуст оваа година додека чекаше почеток на неговите судења за тргување со малолетнички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега