ВИДЕО: Интервенираше Брзата помош - најмалку тројца повредени во протестот за „Монструм“

Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен.

Во еден момент од протестот сиотуацијата ескалираше и започнаа тепачки.

Демонстрантите фрлаа со разни предмети кон полицијата, по што Итната помош мораше да интервенира и да ги хоспитализира повредените полициски службеници.

Засега најмалку едно лице, учесник во протестот, е приведен.

Пратениците Скендер Реџепи од Алтернатива и Елми Азири од Алијанса ги смируваа демонстрантите на протестот за случајот „Монструм“ кои почнаа да фрлаат со предмети по полицијата, оти не добија дозвола да го продолжат маршот до Основниот суд и до Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега