Видео: Инцидент при потпишувањето на договорот со Грција

Додека македонската и грчката делегација го потпишуваа договорот меѓу Македонија и Грција, група насобрани демонстранти во рамките на најавениот протест за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, се обидоа да го поминат полицискиот кордон и да стигнат до селото Псарадес каде што се одржа церемонијата.

Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец.

„Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите, кои со грчки и црни знамиња во рацете протестираа против потпишаниот договор, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Според грчките медиуми, вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и градови од северна Грција, утрово стигнале на протест во близина на Преспа.

Околината на селото Псарадес е под силно полициско обезбедување, а како што јави новинарката на МИА од терен, патиштата што водат до Преспа на грчка територија се целосно блокирани. 

 

 

 

17.06.2018 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега