ВИДЕО: Ина и го продала своето дете на Наталија за 40 евра - „Мајка ми и сиромаштијата ме натераа“

Руската полиција го истражува случајот од следното видео направено од надзорните камери на аеродромот во Омск на кој се гледа избезумена млада мајка како го прегрнува своето бебе, а потоа се врти, го бакнува за последен пат и го предава во рацете на средовечна жена, која потоа заминува со бебето.

Се испоставило дека мајката е 25-годишната Ина Петрова, а дека детето ѝ го дала на 43-годишната професорка Наталија Жданова, која за возврат ѝ дала 40 евра.

До полицијата прво дошла пријава дека Ина не може да ја издржува новородената ќерка и дека ќе ја даде на жена да ја посвои „по скратена постапка“. Затоа почнале да ја следат младата мајка, а снимката од аеродромот само го потврдила сомнежот.

Полицијата го открила ова злосторство и двете жени се уапсени и обвинети за трговија со деца, за што е предвидена казна до 10 години затвор.

Жданова заедно со својот сопруг донела одлука дека сакаат уште едно дете, па објавиле оглас на интернет дека сакаат да посвојат.

Ина го видела огласот и ѝ одговорила дека сака да ѝ ја даде својата ќерка на посвојување, бидејќи не може да ја одгледува. Ина живее со својата мајка и сестра во изнајмен стан и двете полуделе кога дознале дека е бремена, па ѝ рекле дека не смее да го задржи бебето.

„Двете беа жестоко против бебето и вршеа психички притисок на мене, која немав ниту работа, ниту поддршка од таткото на бебето. Затоа го дадево на посвојување“, рекла Ина.

Сѐ ќе останело тајна дококу Ина и нејзината мајка не ѝ се доверила на газдарицата, која ја известила полиција, па тие започнале со истрага.

Видеото погледнете го ТУКА.

 

 

 

20.09.2018 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега