ВИДЕО: Идните невести организирале протест во Рим - бараат да се дозволи одржување на свадби

Група жени облечени во венчаници протестираа денес во Рим против рестриктивните мерки со кои се забрануваат големи верски собири како што се свадбите, пишува Си-Ен-Ен.

Протестот го организирало италијанското здружение за венчавки, а учествувале околу 15 идни невести. Тие се собраале околу познатата фонтана Треви каде, облечени во венчаници, позираа со транспаренти на кои беа напишани пароли како „Свадба без ограничувања“. Тие се појавија и пред италијанскиот парламент, каде им се придружија луѓето вклучени во организирање на свадби.

Демонстрантката Франческа Дел Векио од Неапол изјави дека требало да се омажи во септември, но дека поради рестриктивните мерки морала да ја одложи свадбата за најмалку една година.

И додека таа рече дека датумот на свадбата не е проблем, би сакала, како што објасни, да се омажи без ограничувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега