ВИДЕО: Хрватската министерка која прегази дете се расплака- „Не знаев дека возачката ми истекла уште во 2016“

Министерката за регионален развој на Хрватска, Габријела Жалац се расплака пред новинарите кои ја испрашувале дали ќе поднесе оставка затоа што возејќи без возачка дозвола во Винковци удрила во девојче кое е тешко повредено.

„Јас во саботата поради шок не бев во состојба да дадам изјава. Тоа што ми се случи не посакувам никому. Тргнав во продавница, пред мене излета девојче. Повикавме Итна помош. Многу сум потресена. Не знам што да кажам. Не ни знаев дека возачката дозвола ми истекла, но тоа не ме оправдува. Мене само ми е мило што девојчето е добро, ја посетив во болница. Уште во саботата поднесов оставка, и утринава му понудив на премиерот мандат на располагање“, рекла таа пред новинарите и се расплакала.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега