ВИДЕО: Хрват крвнички претепал трудница во 9. месец - ја удирал и велел дека муслимани ја силувале мајка му

Бремената Рана Еласмар брутално била нападната од 43-годишниот Стипе Лозина во кафуле во Сиднеј.

Рана, која инаку е во 38. недела од временоста, вечерала со пријателките кога ја нападнал насилникот, за кој се претпоставува дека е Хрват. Лозина, како што се гледа на снимките од надзорните камери, мирни пришол, нешто поразговарал, а потоа со боксови ја претепал жената. Ја удрил во главата околу 14 пати.

Пред тепањето ја навредувал на национална и верска основа.

„Викаше дека муслиманите ја силувале неговата мајка“, раскажала таа.

Како што навел сопругот на Рана, таа ретко излегува, но кога пријателките ја повикале, одлучила да се види со нив, додека тој останал дома да ги чува децата.

Лозина побарал од судиите да го пуштат на слобода со кауција, но тоа било одбиено.

Пред судот треба да се појави на 5. декември, а до тогаш ќе остане зад решетки.

Лозина веќе има дебело досие, како што наведува австралиската полиција.

Повредената трудница во меѓувреме била пуштена од олница, а се здобила со голем број модрнки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега