ВИДЕО: Хотел срамнет со земја под земјотресот во Албанија - гостите завршија под рушевините
Албанија рано утринава беше погодена од серија земјотреси од кои најсилниот со јачина од 6,4 степени.
Билансот од земјотресот до сега како што известуваат тамошните медиуми е 7 загинати, над 300 повредени и е причинета голема материјална штета.
Во меѓувреме „БалканВеб“ пренесува дека целосно се срушил хотел на пет ката. Станува збор за хотелот „Мира Маре“, а медиумите јавуваат дека во него имало 4 лица за кои се претпоставува дека се под уранатините.
26.11.2019 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа