Силна експлозија проследена со огромен пожар предизвика вистински хаос во центарот на Утрехт, еден од најголемите градови во Холандија. Според првичните информации, во несреќата која се случи во четвртокот попладне, неколку згради буквално се урнале, а четири лица со тешки повреди се итно пренесени во болница.

Градоначалничката Шерон Дијксма изрази сериозна загриженост дека бројот на жртвите може да биде поголем, бидејќи сè уште не се знае дали има заробени луѓе под урнатините. Пожарникарите со часови не можеа да влезат во објектот поради небезбедната структура и пламените јазици кои сè уште беснеат.

„Не сме сигурни дали под урнатините има преживеани. Полицијата работи деноноќно на истрагата“, изјави Дијксма за локалните медиуми.

Exit mobile version