Видео: Хит на интернет - Хилари Клинтон за малку ќе излеташе од скалите

 

Поранешната прва дама на Америка, државна секретарка и демократски кандидат на минатите претседателски избори, Хилари Клинтон, која овие денови е во Индија каде ја промовира новата книга „Што се случило“, го повтори сценариеото од Лондон каде пред 5 месеци го скрши прстот на ногата.

Овој пат Клинтон симнувајќи се низ скалите во Индија, два пати се лизнала, а нејзините телохранители цврсто ја држеле за двете раце.

Снимката од незгодата секако веднаш стана хит на интернет. Несмасната Хилари после второто лизгање одлучила да ги соблече сандалите и да продолжи боса.

Погледнете:

 

 

 

13.03.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа