ВИДЕО: Хибридна буда ѝ се заканува на Грција - по што се разликува од вообичаените непогоди на Медитеранот

Снежни бури и силни ветрови ќе погодат многу делови од Грција утре попладне и ќе траат до сабота, предупредила Националната метеоролошка служба на таа земја (ЕМИ).

Во итниот билтен објавен денес, од ЕМИ навеле дека островите од јужното Јонско море и западен Пелопонез ќе бидат првите кои ќе ги почувствуваат промените на времето од запад, со дождови и многу силен ветер. 

Есенското време ќе се прошири и на исток до петок - вклучувајќи ја и грчката престолнина - и островот Еубоеја, и ќе дојде до Западна Кикалада нешто подоцна.

Источните делови на Пелопонез и копното би требало да се подготват за посебно силни бури во петок попладне и до сабота наутро, предупредува ЕМИ.

Во меѓувреме, Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги советува жителите и посетителите да не излегуваат надвор доколку тоа не е неопходно и да ги следат прогнозите ако планираат да се занимаваат со активности на отворено, како кампување, планинарење и слично.

Како што пишува "Телеграф", станува збор за хибридната бура Медикејн, а се стравува дека ударите од ветер би можеле да одат и до 180 километри на час, правејќи бранови високи и по 10 метри.

Ураганот кој се формирал над Медитеранот опасно се приближува до брегот, а метеоролозите велат дека последиците од ударите на ваква бура би можеле да бидат многу сериозни.

„Многу опасна бура се формира над Медитеранот во овој момент, а нашите претпоставки се дека ќе биде многу силна. Ваквите бури ги нарекуваме Медикејн, или медитерански ураган", тврди метеорологот Александар Бјорн.

Тој вели дека пикот на бурата се очекува во четврток, односно во петок, кога ветровите би можеле да дуваат со брзина и до 180 километри на час.

„Јонските острови ќе се најдат на удар, а на брегот ветерот би удрил со брзина од 120 километри на час. Треба да се нагласи дека се очекува и снег", објаснува Бјорн.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа