ВИДЕО: Херојски подвиг- Да задоцнеше само една секунда, момче ќе извршеше самоубиство

Херој во униформа на полицаец спасил момче кое сакало да се убие со скок од мост.

Во последен момент успеал да го фати за нога и да му го спаси животот.

Камерата на униформата на колегата на полицаецот го снимила Брајан Рег, покрај оградата на мостот некаде во Тенеси, во моментот кога тој пробал да скокне, што за малку ќе било кобно, пренесува Мирор.

Полицаецот покажал врвни рефлекси и херојство спасувајќи го момчето кое се откажало од животот. Го фатил за нозете, повлекувајќи го на сигурно и го задржил на земја.

Снимката била објавена од канцеларијата на шерифот во округот Нокс, за да се заблагодарат на полицаецот за спасување на животот на момчето.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега