ВИДЕО: Хеликоптер удри во зграда од 54 спрата во Менхетен - има мртви

Хеликоптер удри во покрив на зграда на Менхетн, во Њујорк, по што избувна пожар. Во несреќата, која се случила во 14 часот по локално време, најмалку еден човек е загинат. Полицијата соопшти дека хеликоптерот се урнал на покривот, каде што, најверојатно, се обидувал да слета.

 

По ударот, целата зграда била евакуирана.

Како што известува Еј-би-си, не се знае идентитетот на жртвата, но познато е дека била во хеликоптерот.

Настанот засега се води како несреќа и нема никакви индикации дека станува збор за терористички чин.

Полицијата ги повика жителите да ја избегнуваат областа каде што се случи несреќата. Истрагата е во тек, а голем број полицајци се на терен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега