ВИДЕО: Грда слика во Охрид пред одморите - Превртени и потонати педалинки во езерото

Пред почетокот на новата сезона, на Фејсбук се појави видео со „потонати“ педалинки во Охридското езеро. Некои се потонати, некои според прикажаното на видеото се на сред езеро во Охрид.

Ова се случува пред почетокот на туристичката сезона, и во миговите кога постои закана за губење на статусот на „УНЕСКО“.

За потсетување, Владата на 139. седница донесе одлука за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во охридскиот регион.

Беа тргнати палмите и билббордите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега