ВИДЕО: Градоначалникот на Ница по крвавиот напад - „Повторно сме жртви на исламофашизмот, напаѓачот не престанувал да повторува „Алаху акбар“

Во црквата во Ница се случил терористички напад во кој три лица биле убиени, а неколку ранети. Напаѓачот со нож колел луѓе во црква, а медиумите пренесуваат дека две жртви биле обезглавени.

„Денеска, плаќаме превисока цена, така што повторно сме жртви на исламофашизам. Нема сомнеж во тоа, тој не престанал да повторува "Алаху Акбар"", им рекол на новинарите Кристијан Естроси. 

„Моите први зборови се зборови за сочувство до семејствата на жртвите, како и до целата заедница Нотр Дам во базиликата во Ница", рекол тој.

Тој исто така им се обратил на граѓаните на Ница кои моментално се под влијание на емоции, а и оддал и признание на полицијата.

Медиумите пренесуваат дека полицијата брзо реагирала и го неутрализирала напаѓачот. Терористот бил ранет и однесен во болница. При апсењето извикувал "Алаху акбар".

Нападот се случува само две недели откако во Париз бил обезглавен професорот Самјуел Пати. Тој бил убиен од 18-годишен Чечен бидејќи Пати на учениците им покажува карикатури од пророкот Мухамед.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега