ВИДЕО: Градоначалник од Сицилија удри по Владата на Италија - „Вие сакате да ме убиете“

Градоначалникот на сицилијанскиот град Месина, Катено Де Лука, им наредил на сите кои сакаат да пристигнат во Сицилија пеш или со кое било друго превозно средство, мора да се регистрираат преку Интернет најмалку 48 часа пред пристигнувањето.

Регистрацијата се состои од низа идентификациски и лични податоци, а за дозвола мора да се почека потврда од Општина Месина.

Сепак, Министерството за внатрешни работи на Италија остро реагираше на оваа наредба, па со поддршка на Владата на Италија, оваа одлука на градоначалникот беше поништена со образложение дека е неуставна.

Меѓутоа, утрово Катено се појави на пристаништето за лично да провери како се одвива спроведувањето на неговата наредба, а во видеото што го објавија локалните медиуми тој практично ѝ објави војна на централната власт.

На снимката може да се слушне како тој тврди дека Владата „сака да го убие“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега