ВИДЕО: Градинка од пеколот - воспитувачки од досада ги тераат децата меѓусебно да се тепаат

Две воспитувачки од Музиру се обвинети дека организирале тепачка меѓу децата во градинка каде што работеле.

28-годишната Микејла Гулифор и 22-годишната Тена, Н. Дејли се обвинети поради загрозување на здравјето и безбедноста на децата. Тие двете ги потикнувале децата меѓусебно да се тепаат, во еден дел од градинката наречен „боречки клуб“, по примерот на истоимениот филм.

Возенмирувачката снимка на децата кои се тепаат во градинката „Сент Луис“ е објавена на интернет, а ја снимило момче кое било во соседната просторија, кое било загрижено за помладиот брат кој плачел поради тепачката.

Според зборовите на Микејла, таа и нејзината колешка тоа го организирале, бидејќи на децата им било досадно.

 

 

 

16.11.2018 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега