ВИДЕО: Гори колеџ во Одеса, пожарот зафатил 2000 квадрати – 40 евакуирани, деветмина во болница

Пожар избувна на колеџ во украинскиот град Одеса, каде биле евакуирани 40 лица, а девет завршиле во болница.

Според првичните информации, пожарот зафатил површина од 2.000 квадратни метри, пренесува „Танјуг“.

Евакуацијата продолжува бидејќи постои опасност од ширење на пожарот.

Пожарот избувнал на третиот кат, од вкупно шест ката, на колеџот за економија, право и туризам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега