ВИДЕО: Големо невреме во Британија - бурата Денис носи се пред себе, Велс како Венеција

Британија денеска ја погоди бурата Денис, проследена со силни удари на ветер и обилни врнежи, поради што се издадени повеќе од 300 предупредувања на поплави ширум земјата, а посебно е критична ситуацијата во јужен Велс.

На повеќе места на југот од Велс има и свлечишта, од кои некои заробиле жители, а водата почнала да поплавува пооедини куќи.

Во Англија на сила се 4 предупредувања од најголем степен и два во Велс, што знбачи дека постои опасност по животот на жителите.

И во Херифордшир во Англија, исто така, куќите се поплавени, а еден од жителите изјавил дека бурата погодила како торнадо, пренесува Би-Би-Си.

Властите претходно ги предупредила граѓаните да се заѓтитат од поплавите опасни по живот, во Велс и Шкотска.

Локалните медиуми наведуваат дека реката Таф во велшкиот град Понтипол се излеала од коритотот, а опасност се заканува и од реката Нит.

Како што пренесуваат британските медиуми, најмалку две лица загинале во Велика Британиуја, а десетици илјади се соочиле со хаосот предизвикан од бурата Денис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега