(ВИДЕО) Големи поплави во Риека: Загина еден човек во автомобил

Силно невреме вчера ја зафати Риека и предизвика огромни поплави.Сообраќајот во делови од градот, вклучително и поголемиот дел од центарот е блокиран, а сите служби за итни случаи се на терен. Поплавени се училишта, музеи, згради на ректоратот и на полицијата, како и куќи и згради низ градот.

Бројни автомобили останаа заглавени во поплавените улици. Некои патишта се целосно потопени.Полицијата во Риека извести дека синоќа околу 19.30 часот добила пријава дека во поплавен автомобил е пронајдено машко лице. Кога пристигнала брзата помош, мажот починал.

Телото е испратено на обдукција.

Според неофицијални податоци, синоќа за два часа наврнале 140 литри дожд на метар квадратен. Сообраќајот низ улиците на центарот на градот е оневозможен или забавен.

 
29.09.2022 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа