Видео: Голема несреќа во Софија - најмалку 6 мртви, а 20 повредени меѓу кои и дете

 

Најмалку 6 лица загинаа, а 20 се повредени кога на авто-пат во близина на Софија се превртел автобус, соопшти денеска бугарското Министерство за здравство.

Како што е наведено, меѓу повредените има и дете.

Националната радио станица пренесува дека 19 лица се прерлени во болница во Софија и дека сите се во критична состојба.

Несреќата се случила на 28 километри источно од Софија. Автобусот се превртел после судар со автомобил, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на изјава на сопственикот на автобусот.

 

 

 

13.04.2018 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа