ВИДЕО: Голем пожар во Хрватска - горат автомобили, се слушаат детонации

На Трговскиот транспортен терминал во Сплит денеска избил пожар, а се слушнале и неколку детонации, објавил порталот Далмација денес.

Според зборовите на очевидците, избувнал бродски контејнер.

Како што е наведено луѓето кои се затекнале во близина ги фатила паника, па се разбегале.

Оганот зафатил многу дрвени пелети, а избувнале и неколку возила.

На местото на настанот во краток рок стигнале најмалку четири пожарникарни возила од сплитското подрачје, а наскоро се очекува доаѓање на дополнителни сили.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега