ВИДЕО: Голем пожар во фабриката „Жито Битола“

Голем пожар избувна попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“.

Телма јавува дека пожарот се гасне со две пожарникарски возила и седум пожарникари. На помош пристигнуваат уште девет пожарникари.

Засега нема информации за причините за пожарот. Сѐ уште не е доволно јасно ниту што точно гори во фабриката. Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели пецива.

23.01.2022 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа