(ВИДЕО) Голем пожар во близина на Прешево, населението во страв од ширење на огнот

Пожарот што попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово.
 
 
Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума.
 
Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија. Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население.
 
Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението. 

05.08.2022 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа