(ВИДЕО) Голем пожар кај Охрид – гори планината помеѓу Вапила и Расино

Пожар избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Вапила и Расино, информираат од Македонски шуми, ПЕ Охрид.

Од Охрид може да се забележи густ чад како се издига од блиската планина кон небото, пренесува 4news.mk.

За пожарот информирани се надлежните служби на Шумското претпријатие Галичица и ТППЕ Охрид кои преземаат соодветни мерки, а состојбата ја следи и Националниот парк Галичица.

08.08.2022 - 18:20
Фото: 
Принтскрин 4news.mk

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега