Видео: Гола жена се фрли врз чешкиот претседател додека гласаше - обезбедувањето жестоко ја собори

 

Жена се обиде да го спречи чешкиот претседател Милош Земан да го оствари своето право на глас за време на претседателските избори во земјата.

На видеото што го објавија чешките медиуми, може да се види дека жената ја соблекува горната облека и започнува да довикува погрдни зборови на англиски јазик против Земан.

Феминистичка група од Украина соопшти дека идентитетот на жената е Ангелина Диаш, која по потекло е од нивната земја.

Земан го напушта гласачкото место, по што повторно се вратил назад и го остварил своето право на глас.

 

 

 

 

12.01.2018 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа