Џиновска елка во Нортамберленд, Велика Британија, официјално е запишана во Гинисовата книга на рекорди како највисоката жива новогодишна елка во светот. Со импресивна висина од 44,7 метри, ова дрво е засадено уште во далечната 1860 година, а денес е двојно повисоко од познатата статуа „Ангел на Северот“.

За да го заслужи овој престижен статус, елката морала да биде комплетно украсена. Тимот од имотот Крегсајд потрошил два дена за поставување на повеќе од 1.300 светилки и две џиновски виолетови машни.

„Секое светло е внимателно проверено и прицврстено вертикално за да се избегне притисок врз дрвото“, објаснија од Националниот фонд.

Иако ова е рекордер кај живите дрвја, апсолутниот рекорд за највисока исечена елка сè уште го држи дрвото од Сиетл, САД, кое во 1950 година било високо неверојатни 64,6 метри.

Exit mobile version