ВИДЕО: Ги третира како да се животни - медицинска сестра од Белград суспендирана поради ваквиот однос кон деца

После анонимна дојава дека медицинската сестра Ѓ.А. неадекватно се однесува кон децата во Центарот за заштита на доенчиња, деца и младенци Белград, директорот на таа установа Зоран Милачиќ донел решение за привремена суспензија до утврдување на состојбата и завршување со дисциплинска постапка, соопштило Министерството за работа, вработување, боречки и социјални прашања.

Милачиќ за случајот го информирал министерот за рессор Зоран Ѓорѓевиќ, кој порачал дека сите кои го кршат законот треба да бидат казнети.

-Постапката ќе утврди дали има одговорност. Лично наложив сите кои работат спротивно од правилата и законот да сносат последици и да бидат најстрого казнети, што нема да биде исклучок ниту во овој случај - рекол Ѓорѓевиќ.

Грижата за децата претставува приоритет, а Центарот за заштита на доенчиња, деца и младенци Белград со традиција на одговорно и адекватно однесување кон момчињата и девојчиња, корисниците, претставува пример за добра пракса во постапувањето кон дечињата.

Движењето Левијатан, кое се бори против злоупотреба на животни, на својот Инстаграм профил објави виде-снимка на која се гледа како оваа медицинска сестра се однесува со малите деца.

Погледнете:

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега