ВИДЕО: Ги чекал сопругата и ќерката пред црквата кога одекнала експлозијата - болна исповед од Шри Ланка

Маж од Австралија, кој во нападите во Шри Ланка ги изгубил ќерката и сопругата, настанот го опишал како „болен“.

Судеш Колоне рекол дека чекал пред црквата за Велигден кога одекнала експлозијата од бомба, со која биле убиени неговата сопруга Маник Суриарачи и нивната 10-годишна ќерка Александрија.

Излегол од автомобилот да ги пречека, а потоа настанал хоророт.

-Бев во близина на црквата кога слушнав силен звук. Отидов внатре по сопругата и ќерката. Ја зграбив ќерката, но веќе беше мртва. Се обидев да ја кренам сопругата. Сакаше нешто да ми каже, но телото и беше во крв. Ја кренав, ја однесов во болница, но на пат до таму почина - раскажал Судеш.

Неговата ќерка ја опшиал како посебно девојче коа сакало да танцува, а компонирало и свои песнички.

-Лут сум не знам што да правам. Овие луѓе се навистина болни. Како можат тоа да го прават? Убиваат недолжни луѓе во нивните цркви - рекол тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега