Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување на итна седница кадешто ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот како на територија на Центар, така и на градот Скопје.

„Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази“, рече Герасимовски.

Герасимовски, потенцираше дека побарал дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје повторно потфрли и пет дена не го собира сметот од улиците.

Exit mobile version