ВИДЕО: „Гениј! Неверојатно!“ - Ѓоковиќ на УС Опен изведе „тениска магија“ која сите ги остави без здив

Новак секогаш знае да ги покаже своите неверојатни способности, но најновата ситуација - навистина остава без здив.

Новак Ѓоковиќ ги продолжи победите во низа на УС Опен. Првпат во 2020-та година изгуби тај-брејк, но не и натпреварот против Кајл Ендмунд и со тоа се проби до третото коло.

И тоа со неколку вистински бравури од кои што оваа особено се издвојува.

Делуваше како ситуацијата да е загубена, кога во четвртиот сет водеше Британецот со 40:15, но потоа Новак изведе вистинско чудо.

Прво, со рекетот малтене мораше да дојде до тлото за да го спаси поенот, а потоа да трча кон мрежата затоа што ривалот му ја „скрати“ топката, за во дел од секунда да се сврти и да истрча назад сон основната линија за таму да интервенира.

Сето тоа Новак успеа да го изведе, вадејќи го од такт Британецот, затоа што наредниот негов потег беше грешка.

Новак славел со „Ајде, бре!“, но гласно било и во студиото на „ТВ Арена спорт“, во кое што славел и таткото на Ноле - Срѓан.

„Браво, мајсторе! Неверојатно... Гледај!“ - ја коментирал тој репризата на бравурата на својот син.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа