ВИДЕО: Гелдала како убиец репетира пиштол и го вперува во неа - неисправно оружје ја спасило од убиство

Убиството на млада девојка од Њујорк среде бел ден било спречено од неисправен пиштол.

Драматична снимка од сигурносна камера покажува како напаѓач пристигнува до куќа во Квинс во 18:30 часот.

Тој на лицето носи маска, а нишани кон жената која се гледа на балконот од куќата. Напаѓачот со маки се обидува да го репетира пиштолот.

Може да се види како повлекува назад и се обидува да го реши проблемот, но кога оружјето и вториот пат не пука, почнува да бега.

Другата сигурносна камера го фатила како бега, а дел од неговото лице е видливо на видео снимка кога му паѓа маската.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега