ВИДЕО: ФБИ изврши рација во Москва - Русите открија ќелија на Исламската држава

Во голема акција, две лица се уапсени се засега во Русија поради финансирање на таканаречената Исламска држава, соопшти рускиот Истражен комитет.

Претресите се извршени во Москва, Московската област, Ханти-Мансијскиот автономен округ, Краснојарскиот крај, Астраханската област, Ставрополскиот крај и Дагестан.

Со истрагата утврдено е дека од 2014 до 2017 година припадници на Исламската држава, граѓани на Русија кои се наоѓаат во Сирија, ја финансирале таа организација. 

Според наводите на Истражниот комитет, наведените лица собрале околу 8.000.000 рубли, што е околу 111.700 евра, од 200 луѓе во Севернокавкавскиот регион, Јужниот, Централниот, Северозападниот, Сибирскиот и Уралскиот федерален округ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега