ВИДЕО: Евакуирана Ајфеловата кула - париската полиција на нозе

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана, изјавил за Ројтерс извор од француските безбедносни сили.

Изворот не потврдил дали евакуацијата следела по заканата со бомба, како што објавија некои медиуми.

Дејли мејл пренесе дека евакуацијата следува откако полицијата добила анонимен повик дека кај Кулата има поставено бомба.

Француските медиуми пренесуваат дека подрачјето го проверуваат припадници на единицата за неутрализирање експлозиви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа