ВИДЕО: Ескалираше состојбата во Тирана - со солзавец и снајперисти се брани Владата од 100.000 демонстранти

Масовните протести на албанската обединета опозиција ескалираа со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, скршени врати и прозорци, фрлање молотов коктел и тврди предмети, поставување на партиското знаме на Демократската партија пред Владата.

Полицијата беше приморана да фрли солзавец, по што оние кои се обидуваа да влезат во зградата се повлекоа. На објектот на зградата има и снјаперисти.

Има повредени кои се транспортираат со амбулантни возила.

Според опозицијата на протестите има над 100 илјади граѓани,половина од нив од внатрешноста.

Поради многу тензичната ситуација албанскиот претседател Илир Мета експресо реаграше апелрајќи на воздржанст за да се „избегне конфронтација“.

-Со посебно внимание ги следам случувањата и упатувам апел за воздржаност од сите страни за да се избегне конфронтација и наслство. Граѓаните треба да протестираат слободно и треба да се почитуваат институците, порача Мета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега