ВИДЕО: Ел Чапо пристигнал во Алкатраз во карпестите планини - животот ќе го помине во ќелија од која се гледа само небото

Мексиканскиот нарко-бос Хаокин Ел Чапо Гузман влезе во затворот во Колоради познат како „Алкатраз во карпестите планини“ за да започне со издржување на доживотната затворска казна плус 30 години, откако беше осуден за криумчарење на тони кокаин, хероин и други дроги во САД,  како и за планирање убиства.

Затворот со висока безбедност 185 километри од Денвер, со околу 375 затвореници, познат е по тоа од него никој не избегал откако е отворен од 1994 година, пренесува Ројтерс.

Гузман се придружил на листата најголеми криминалци како што се Тед Качински, познат како Унабомбер, кој преку писма бомби убил три лица, а ранил 23 луѓе, потоа учесникот на завера на 11. септември Закариј Мусави, Тери Николс осуден за бомбашки напад во Оклахома Сити и бомбаш од Бостонскиот маратон, Џохар Царнајев.

Затворот е наречен „Алкатраз во капрестите планини“ по познатиот затвор во Сан Франциско, во кој бил и познатиот гангстер Ал Капоне.

Како и останатите затвореници, Ел Чапо ќе биде затворен 23 часа дневно во самица со тесни прозори високи околу 107 сантиметри, поставени толку високи за од нив да се гледа само небото.

Се очекува во неговата ќелија да има телевозор, а ќе може да гледа само религиозни и едукативни програми.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега